По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на македонското востание, хорот „Менада“ од Тетово на 10 октомври ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

За настапот во Истанбул, хорот „Менада“ ќе се претстави со програма која вклучува духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, кои ја отсликуваат богатата културно-музичка ризница на нашата земја.

Основан во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој го води хорот до денес, „Менада“ има добиено многубројни престижни награди и признанија на домашни и на меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.