Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност – Скопје имаше успешно претставување на Интернационалниот хорски форум, кој се одржа во Истанбул, Турција.
Хорот од 31ви октомври до 3-ти ноември настапи на два концерти, каде што изведе дел од својот репертоар, а учествуваше и во заедничката работа со уште 5 други хорски ансамбли, со кои настапи на завршниот концерт на форумот.
Ваквите настани се исклучително важни за промоција на македонската творечка и исполнителска хорска традиција, но не само тоа – преку квалитетните настапи хорот го презентира и нивото на музичка едукација која може да се добие за време на студиите на Факултетот за музичка уметност Скопје.
Овој настан овозможи континуитет на настапите на хорот во странство, што обезбедува зголемен интерес кај идните млади професионални музичари за продолжување на своето усовршување во сферата на хорското музицирање.
Меѓународното претставување на хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје на Интернационалниот хорски форум во Истанбул, Турција е овозможено со поддршка на Министертвото за култура и туризам на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.