„ХОМО“ ја освои Наградата за најдобар игран филм на фестивалот CROSSING THE SCREEN во Англија, соопшти продуцентската куќа Скопје филм студио.

До сега, филмот го прикажаа дваесет фестивали низ светот: во Канада, САД, Велика Британија, Индија, Романија, Србија, Бугарија, Италија, Египет, Франција, Шпанија, Австралија. А ова е неговата седма награда, на која и претходеа: 7. Гбек Фестивал на игран филм, Канада – Награда за најдобар филм; ИндиФест филмски награди, САД – Награда за извонредно достигнување; 54. World Fest Интернационален филмски фестивал Хјустон, САД – Бронзена Реми награда; Waterfront Festival Лаваса, Индија – Најдобра режија; 22. Фестивал на европски филм Лече, Италија – Награда од публиката и Награда од Cineuropa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.