Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува со целовечерен концерт на Градскиот ансамбл на народни игри и песни – Пожаревац од Србија, што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во Битола.
Членовите на ансамблот од Пожаревац ќе изведат дел од своите над 40 кореографии подготвени од еминиентни српски кореографи, а ги презентирале на фестивали во Франција, Полска, Шпанија, Романија, Грција и вечер во Македонија.
Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека по концертот на ГАНИП-Пожаревац, на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи и концерт на инструментална музика со наслов „Од колено на колено“ кој ќе го приреди Александар Јовевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.