Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска синоќа во Битола, по завршувањето на премиерата на претставата “Вујко Вања“ на Народниот театар Битола им подари реплики на иконата на Белиот Ангел од Курбиново со што им одаде признание на двајцата актери Петар Горко и Никола Пројчевски кои со оваа претстава одбележаа 35 и 20 години професионален ангажман.

Емотивна и одлична изведба на првата премиера во оваа година на Битолскиот театар. Безвремениот Чехов, со „Вујко Вања“ беше изборот на режисерката Софија Ристевска-Петрушева, со која битолскиот ансамбл одбележа два актерски јубилеја. Петар Горко со улогата на големиот Вујко Вања во својата биографија одбележува 35 години професионална актерска кариера, а Никола Пројчевски ќе го паметиме како Астров, во одбележување на своите 20 години на театарската сцена. Ми беше чест оваа свечена вечер да ја споделам со актерите и ансамблот на Битолскиот театар кои покажаа професионалност, колегијалност и обединетост во одржување на традицијата и негување на вредностите кои траат, напиша министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.