Горан Симоноски повеќе не е директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, објави Охридњуз.
Тој поднел оставка од лични причини за што со допис го известил министерот за култура Зоран Љутков. Симоноски ја потврди информацијата.
Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид од лични причини. Се надевам дека на местото директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се постави соодветно лице кое ќе ја продолжи успешната работа на установата и ќе придонесе за понатамошен развој на истата. Се заблагодараувам за можноста што ја имав да ја водам установата при што се стекнав со големо искуство од културно-уметничката дејност и Ви останувам на располагање за какво било помош во понатамошното функционирање на установата, стои во дописот со оставката на директорот на НУЦК „Григор Прличев“ Горан Симоноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.