Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на „Арт поинт Гумно“ од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во Битола, месецов пристигнува во Скопје.

Скопјани од 22 ноември до 2 декември ќе може да видат 65 слики, скулптури, фотографии на уметници од претставници од од 20 земји од светот. Изложбата ќе биде поставена до Младинскиот културен центар (МКЦ)

„Не случајно, завршниот настан по повод 20-годишниот јубилеј ќе се случи токму во Младинскиот културен центар. Имено, една од заложбите на ‘Арт поинт Гумно’ е да ги поддржи токму младите, талентирани творци, оние што се наоѓаат на почетоците од нивните кариери. Така, на изложбата, меѓу другите, ќе бидат изложени и дела од 20-тина млади уметници, некои од нив, денес се веќе етаблирани автори“, пишува во најавата.

Отворањето ќе биде во 20:00 часот. За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредник и преведувач, Јулијана Величковска.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а оваа изложба се реализира во соработка со МКЦ- Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.