Македонскиот изложбен дел вчера го посетија високи претставници на Италијанскиот дипломатски кор претставени од Амбасадорката на Р. Македонија во Ватикан Н.Е Марија Ефремова, поранешниот амбасадор на Италија во РМ , НЕ Масимо Белели и директорот на Медитеранската Археолошка берза Г- дин Ugo Picarelli.

На гостите им беа презентирани ексклузивни публикации во издание на Управа за заштита на културното наследство и виртуелна прошетка низ повеќе археолошки локалитети и цркви од Македонија, кои благодарение на соработката со невладини организации и беа одстапени на УЗКН на користење за овој настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.