На 9-ти јуни (петок) со почеток од 21 часот, ќе биде отворена Годишната завршна изложба на Скопското средно уметничко училиште.
Во училишната галерија, а и низ сите атељеа во училиштето, младите уметници ќе се претстават со свои слики, мозаици, графики, цртежи, скулптури, керамики, но и дигитални дела, видео клипови и анимации.
Настанот ќе биде збогатен и со модна ревија на одделот за текстил и облека. 15-тина креации од учениците под менторство на проф. Елена Вангеловска ќе продефилираат низ црвениот тепих поставен во училишниот двор.
Петок, 9 јуни, ќе биде ден за уметност во македонската метропола. Настанот ќе биде збогатен и со музички настап на култниот охридски Backdoor band. Ве очекуваме, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.