Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови од различна возраст, кои творат под менторство на уметникот и педагог Тони Шулајковски. Тој од 2005 година работи со талентирани деца и го основа приватното ликовното студио „Арс Вивенди“ заедно со проект менаџерката Дијана Петкова.

Делата на овогодишната завршна изложба на членовите на ликовното студио Арс Вивенди се со разнообразна тематика и работени се во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.