Денеска ќе биде кулминацијата на 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, што се одржува во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра.
Годинава, галички зет и невеста се Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август.
Програмата на годинешната Галичка свадба почна на 15 јули, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.
Инаку, програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.
Годинешниот галички зет, Илчо Димитров, во текот на свеченостите ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски.
Свадбените активности, пак, традиционално почнаа на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа следуваа свадбарските ритуали, а кулминацијата, односно венчавањето на младенците е денеска во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.