Гала оперскиот концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран, што беше закажан за 26 ноември 2022 на сцената на Националната опера и балет, поради здравствени причини (сезонски грип) се ОДЛОЖУВА за 8 МАРТ 2023 во 20.00 часот, информираа од Националната опера и балет.

Купените билети ќе важат и за новиот датум или можат да се заменат за настан од тековниот репертоар на Националната опера и балет, што ќе се одржи во месец декември 2022 или да побараат рефундација на средствата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.