На сцената на Националната опера и балет на 8 март со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран.  На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди,  Џ. Росини, Р. Леонкавало, У. Џордано и др.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.