Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Македонија, организираат трета по ред за годинава гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови“.
Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 ноември 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, Амбасадор на Шпанија во Р. Македонија.
Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм.
Еве и што напишаа француските медиуми за филмот:
„Ѕверови“ е исклучително трогателен филм, којшто гледачите ги остава без здив. (20 minutes)
Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен. (Les Echos)
Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм… (L’OBS)
–
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.