Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје и Младинскиот културен центар во среда, (31 мај 2023), во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат) организираат гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“.

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.

Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54) . Добитник е на шест награди награди Цезар 2023, меѓу кои и два од најпрестижните: за Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.

Проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)

Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки. (Elle)

Филм на годината. (Le Figaro)

Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените. (Télé Loisirs)

Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: [email protected] (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.