В среда, на 30 октомври во 20 часот во киното „Синаплекс“ во Скопје Сити Мол ќе се одржи ексклузивна гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Ќе биде прикажан филмот „Нешто малку поинакво“. Се работи ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.

Режисер е Артус, а во главните улоги настапуват: Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди.

„Нешто малку поинакво“ воспоставува врска помеѓу „лажен инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен, а истовремено и многу трогателен, напиша „Ле Паризјен“ во критиката за филмот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.