Францускиот институт во Скопје во рамките на одбележувањето на 50 години од своето постоење, в сабота (5 октомври) организира волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“ кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Бела Ноќ“.

Место на поаѓање е Музеј на град Скопје во 20 часот а финале на претставата е Плоштад „Карпошово востание“.

Театарскиот перформанс е во изведба уметничката трупа „Кидам“, која остварува од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.