Францускиот институт во Скопје го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите” 2022, в петок, 18 февруари 2022, со почеток во 19 часот, во Europe House Skopje и на Zoom.

Овогодишното издание го носи насловот „Што по пандемијата?”, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во време на пандемија.

 

Главните прашања на кои ќе треба да одговорат панелистите се:

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?
Каква визија може да се има денес за иднината?
Како да се реобмисли животот по овие долги периоди на неизвесност и затвореност?

 

Учесници на научната средба се:

– г-дин Пјер Касу-Ногес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела, којшто во 2016 година, исто така беше гостин на оваа манифестација,

– проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, и

– проф. д-р Емилија Јаневиќ, професорка на Факултетот за медицински науки во Штип.

Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Јордан Шишковски, професор на University American College Skopje (UACS).

Настанот ќе се одвива со симултан превод и ќе се одржи на следниот Zoom линк :https://us02web.zoom.us/j/85440691308 .

Куса биографија за Пјер Касу-Ногес
Пјер Касу-Ногес е француски филозоф, професор на Универзитетот Париз-VIII и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката.
Касу-Ногес е роден е во Тунис во 1971 година.
Од 2001 до 2011 год., тој работи како одговорно лице на Центарот за научни истражувања на Франција (CNRS), а од 2011 год. наваму работи како професор на Универзитетот Париз-VIII.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.