„Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ е насловен форумот кој денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Република Македонија.
Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Македонија.
-Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти, наведуваат организаторите на форумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.