Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со НУ. Музеј на Република Македонија организираат форум, насловен како „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“.

Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура , а ќе се оддржи на 15.11.2023 година  (среда)  во кино салата на Музеј на Република Македонија, со почеток од 12:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.