Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ во соработка со ЈУ. Музеј на град Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Сеизмолошка опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје организира Форум и Показна вежба “ Управување со ризици од земјотрес за заштита на човечкиот фактор и културното наследство – прв дел „Заштита и евакуација на човекот и укажување на прва помош “.

Со овој настан се акцентира значењето од потребата за континуирани теоретски и практични подготовки на вработените од музејската заштитна дејност, со цел соодветна реакција и минимализирање на негативните последици кои можат да бидат предизвикани од природна непогода земјотрес, врз човековиот фактор и културното наследство.

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, Сеизмолошката опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје ја координираат симултаната показната вежба  во која се демонстрира: начинот на евакуација на вработените, пребарување на затрупани лица во случај на земјотрес и укажување на прва помош.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржи во ЈУ. Музеј на град Скопје, на 27.07.2023 г. (четврток) со почеток  во 11:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.