Гете-институт Скопје организира филмска вечер на 29.03.2023, во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, на која ќе биде прикажан првиот филм од серијата современи германски филмови – „Клео” на режисерот Ерик Шмид.
Тоа што беше басновитиот свет на Амелија за Париз, тоа е Клео за Берлин: преплавени со идеи ја следиме трагачката по богатство Клео низ еден навидум маѓепсан град во потрагата по богатството на главните криминалци – браќата Зас. Голема градска бајка раскажана со многу хумор и чудесни споредни ликови од минатото, романтична и разиграна, која во исто време претставува своевидна изјава на љубов кон Берлин.
„Под секој камен од калдрмата овде во градот е закопано богатство“, е животното мото на Клео уште од нејзиното детство. Сепак, по смртта на нејзиниот татко, со кој секогаш одела во потрага по богатство, решила повеќе да не ги следи своите соништа; сè додека во нејзиниот живот не се појавил Паул, кој бил уште поголем сонувач од неа. Имено тој поседувал една карта на богатство, која водела до скриениот плен на браќата Зас – од легендарниот грабеж на Берлинската банка од времето на Вајамрската Република, при што се вели дека заплениле магичен часовник, со којшто можело да се врати времето. Тоа е дива потрага по богатство низ Берлин, преполна со визуелни идеи, во која Клео постојано се среќава со личности од минатото кои ѝ даваат добри совети, од Марлен Дитрих до Хајнрих Шлиман (уште поголем трагач по богатство од Клео како откривач на Троја) сè до Алберт Ајнштајн – кој го игра Жан Пуц, легендарниот модератор на ТВ научната програма Хобитек (Hobbythek). Раскажана со многу хумор и чудесни споредни ликови, Клео е пред сè изјава на љубов кон градот Берлин со сите негови слоеви на историјата и претставува една голема градска бајка, која колку што е разиграна, толку е и романтична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.