На инцијатива на НУ Филмски Центар Вардар Филм – Скопје заедно со Сараевскиот Филмски Центар организираат филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји која ќе се одржи во Сараево,  Босна и Херцеговина од 13-14 Јуни 2023 година во Кино Митинг Поинт, соопштија од Вардар филм.

Филмската изложба ќе го презентира развивањето на анимираниот филм во нашата земја низ годините се до денес, преку изложба и презентација на постери, фолии, кукли и други материјали од анимираните филмови во продукција на Вардар Филм и од новите македонски анимирани филмови.

Филмските проекции ќе опфаќаат прикажувања на неколку анимирани филмови од минатото и сегашноста, со што ќе се направи една ретроспектива на македонскиот и босанскиот анимиран филм.

Директорот на НУФЦ Вардар Филм Скопје м-р Сани Саиди со дел од неговиот тим, како и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски лично ќе присуствуваат на проекциите и  разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, на кои ќе присуствуваат млади филмски работници, познатиот босански аниматор професор Митад Ајновиќ и директорката на Сараевскиот Филмски Центар, г-ѓа Инес Тановиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.