Два извонредни документарни филмови што не се пропуштаат најавуваат организаторите на фестивалот „Скопје синема сити“. Во 20 часот во летното кино на Кинотеката ќе биде прикажан „Ела Фицџералд: Само една од тие оние работи“ (Ella Fitzgerald: Just one of those things) во режија на Лезли Вудхед. Филмот трае 90 минути.
Филмот ги портретира шесте децении на животот и кариерата на Ела, од тинејџерка која расте на улиците на Харлем до нејзиното појавување во театарот „Аполо“, што и го смени целосно животот. Филмот ја илустрира нејзината моќ за трансформација.
Ќе следува „Рони Вуд: На некого таму горе му се допаѓам“ (Ronnie Wood: Somebody up there likes me) во режија на Мајк Фигис. Филмот трае 82 минути. Филмот зборува за турбулентниот живот на легендарниот гитарист на „Стоунси“, Рони Вуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.