На 23 август (петок), во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, во организација на Партизанска штампа, колективот Гола Планина и фестивалот БОШ, ќе се одржи „Фијук”, саемот на независни издавачи.

„Лето 2024-то.
ФИЈУК е еден.
Сè друго е матно. Жешко. И тегобно.
Елајте да се сокриеме во Националната и Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски за да си ја откриеме снагата помеѓу книгите, буквите и колажите”, велат организаторите на саемот.

Во продолжение проследете ја програмата на овогодинешниот Фијук саем.

23.08.2024 (петок)

Програма:

17часот – Отварање на Фијук со работилница за колажи. Рекордна бројка од 30 излагачи на независни изданија: книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии, цртежи… (погледни листа подолу)

19часот – Отворање на изложба и промоција на арт книга во сито печат „НЕНАСИТНИ“ со винил сет на Владимир Муратовски – Диво

21-22часот – Музички колаж на Јоана и Стражарот

Излагачи:

Партизанска штампа, Арт Еквилибриум, Гола Планина, Матријаршија, Sharla Records, Аксиома, Катран Комикс, Green Hill Records, Longest Night, Shock Troopers, Издавачка куќа „Илика“, Спознавање, Флип Бук, ЕХО Планински Фестивал, Made of spit, Korn, Тома Димовски, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Тања Вукобрат, Наташа Гелева, Јулија Ојден, Стефан Алијевиќ
Сали Ертунч, Ана Димитриевска, Јелена Белиќ, Јован Гаковски, Дона Илијевска, Матеј Богдановски, Владимир Муратовски, Марија Ќорнакова.

„Изложбата насловена „Ненаситни”, која ни доаѓа во Скопје после Белград (Улична Галерија, мај 2024), а пред да замине за Загреб (Охохо фестивал, септември 2024), е резултат на една несекојдневна соработка која обедини повеќемина пријатели, познаници па и анонимци, во посветен процес на сецкање, лепење и монтирање на улични плакати. Во придружба на шумливите звуци на внимателно селектираните плочи на еден од најдобрите македонски диџеи, музикофили и композитори Владимир Муратовски Диво, секој вторник, „за озбилно“ се фаќавме за ножиците и ремиксувавме сè што можеме да бидеме, а не сме.

Кој у трн, кој у глог.
Сите терсене, ние наопаку. Она што требаше да биде една работилница за ремиксување на стварноста во рамки на фестивалот Омнибустопија – се претвори во феномен – преку 30 колажирани плакати и уметникова книга во сито печат како еден сублимат на целиот процес.

Сакавме уште повеќе. Денес сакаме можеби малку помалку, но крајот на летото е повеќе за плачење отколку за сакање, а пошто не сме плачковци ќе го повикуваме дождот со ѕвечкањето на ножиците, да дојде да донесе подобри времиња”, стои во најавата за саемот.

Гуратори: Јана Деловска, Дамјан Илиќ, Билјана Димитрова, Стефан Алијевиќ, Јован Гаковски, Јоана Ристеска, Јелена Белиќ, Владимир Муратовски, Симона Манчева, Ѓорѓи Јаневски, Милош Стојановиќ, Гого од иднината, Душан Стефановски, Ива Станковска, Александра Зографска, Мила Добревска, Иво Мјаумјау (Ќошо), Ѓорѓи Митревски, Ангела Маневска, Лаура Жилет, Вера Роос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.