Прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“, е најновата проза на писателот Томислав Османли објавена во превод на турски јазик во електронското списние „Kritikbu” (kritikbu.com).

Ова списание до сега објавило неколку прозни текстови на Османли. Како и тие, најновата објава со опсежната проза на истакнатит македонски писател, на турски јазик ја преведе нашиот познат преведувач Мехмед Јонуз.

„Корто Малтезе во скопската чаршија“, како што се наведува во објавта, е покрај „Малиот Немо во мундирот на Корто“, инаку еден од двата расказа, мета-стриповни фантазии во проза, кои нашиот автор, познат и како љубител и познавач на стрипот, ги создаде како сопствени книжевни посвети на универзално популарниот стрип-јунак на знаменитиот италијански стрип-сценарист и цртач Хуго Прат. Двата расказа се вградени во по една во двете најнови прозни збирки на Османли („Тајното братство на носталгичатите“ и „Океан од слики“), објавени од скопските книоиздателства „ВиГ Зеница“ и „АвантПрес“, и двете во 2018-та година.

Вториот од двата расказа на Османли посветени на легендарнио стрип јунак Корто Малтезе прв пат беше објавен на италијански портал „Bombagiu“ во превод на поетесата и италијанистка Билјана Билјановска, потоа во неговиот оригинален испис на македонски на неколку места, како и на книжевниот „Sehara“ портал во Босна и Херцеговина. Расказот, моментно, на грчки јазик го прведува лингвистката и преведувачка Марија Думба, за неговата претстојна објава во грчко книжевно списание.

И додека тој расказ е еден вид прозна химна на стрипот како своевиедн „Океан од слики“, но и проза за зреењето на младиот човек низ фантастичниот свет на деветтата уметност, „Корто Малтезе во скопската чаршија“ е фабуларно раскошна фантазија за Скопје од минатото и имагинарнат посета на светскиот патник и морнар на едно мистично Скопје во кое возбудлино но и благородно се машаат културите и луѓето од Истокот и од Западот, препознавани како ликови на добри намери, се наведува за расказот.

Инаку, Електронското списание за литература и култура има два домицила, уредничкиот во Турција и техничкиот во Германија, оттука и двојното значење на називот „Kritikbu” што на турски јазик знaчи „критика овде“, а на германски „книжевна критика“. Основач и главна уредничка е М-р Сема Ватансевер книжевна критичарка, теоретичарка и писателка. Таа ја потпишува и уредувачката и редакторската улога и во тукуто објавениот стриповен расказ на македонскиот писател. Во е-списанието „Kritikbu” прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“ на Томислав Османли се објавува во четири продолженија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.