На 18 и 19 јуни „Европското патувачко кино под отворено небо“ ќе се одржи во Китино кале во Кичево, а на 24 и 25 јуни на летната сцена на Младинскиот центар во Штип.

Притоа ќе бидат прикажани шест нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани, кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и шест македонски краткометражни, од кои некои се исто така наградувани на разни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот. Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а по нив ќе следат разговори со филмските критичари Влатко Галевски, Златко Ѓелески и Јована Ѓорѓијоска, како и нивните гости, стручњаци за темите со кои се занимаваат филмовите.

Годинешната селекција на долгометражни филмови ги вклучува „Лавкат“ (Lovecut) од Австрија, „Смената“ (The Shift) од Италија и Белгија, „Маре“ (Mare) од Швајцарија и Хрватска, „Надеж“ (Hope) од Норвешка, Шведска и Данска, „Атлас“ (Atlas) од Швајцарија, Белгија и Италија и „Вселенското момче“ (Space Boy) од Белгија.

Годинава започна во Валандово на 13 и 14 јуни пред салата „Јанко Узунов“. Влезот за филмските проекции е бесплатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.