Музејот на Република Македонија со гордост најавува богата програма во рамките на Европските денови на културно наследство 2024. Од 23 до 29 септември, посетителите ќе имаат можност да уживаат во изложби, работилници и едукативни настани кои го слават македонското културно богатство.
Програма:
23.09.2024 (понеделник)
- Отворање на изложба: „Женската рачна работа во семејството Ѓошевски од с. Агино Село“
24.09.2024 (вторник)
- Работилница за везење: „Волшебниот конец“
25.09.2024 (среда)
- Обука и едукација: „Заштита и спасување на вработените и културните добра во случај на пожар“
26.09.2024 (четврток)
- Промоција на сликовница: „Скриеното богатство на мојата баба“
- Ревија на документарни етнолошки филмови: „Нашето минато и сегашност преку камерата“
27.09.2024 (петок)
- Отворање на две изложби:
- „Мијачијата – културна, уметничка и духовна реликвија“
- „Нашите 15“
- Затворање на Европските денови на културно наследство: „Closing of the European Heritage Days“
28.09.2024 (сабота) и 29.09.2024 (недела)
- Бесплатен влез за сите музејски поставки и изложби.
Координатори на програмата се Милан Пејоски и м-р Наде Костадиновска-Спасеновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.