Europe House Скопје во соработка со  студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности, го одбележуваат Светскиот ден на уметноста.

Преку целодневен настан кој ќе се одржи во Сули ан на 15 април (петок) љубителите на уметноста ќе може да  уживаат во над 40 ликовни дела на студентите од ФЛУ,  во проекциите на неколку студентски филмови од ФДУ,  перформанси, разговори за уметноста и културата… проследени со  музика.

Почетокот на настанот е предвиден за 14.00 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Повеќе детали за истиот може да дознаете преку следниот линк – https://fb.me/e/2lOPdPKGH

Светскиот ден на уметноста се слави секоја година на 15 април, со цел да го промовира развојот, разноликоста, распространетоста, и уживањето во уметноста. Под покровителство на УНЕСКО, денот има за цел да ја подигне свеста за креативните активности ширум светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.