5.04 (среда) – „Едвард раце ножици“
Нашата претстава зборува за тоа дека треба да ги прифаќаме различните од нас и да ги надминеме предрасудите кон другиот. „Претставата има за цел да ги постави прашањата за тоа колку е нашето општество зрело и колку сме ние зрели за соживот со некој што изгледа поинаку, зборува поинаку, се облекува поинаку од нас. Дали се овие ставови сменети во ова ново време или се уште тапкаме во место. Колку е нашата заедница спремна да го наруши сопствениот конформизам, за доброто на другиот?
Колку сме себични и колку е општото добро приоритет, а колку личниот интерес?! Спремни ли сме да му ја запечатиме судбината некому поради тоа што е различен од нас? Дали идејата за промена се уште не плаши?! Жанровски, ова е современа бајка која се занимава со третманот на различностите“, вели режисерката Витошевиќ, која првпат соработува со ТДМ.
Претставата е работена според познатиот истоимен филм од 1990 година на Тим Бартон, за кој Витошевиќ рече дека врз неа влијаел многу инспиративно и како личност, и како режисер, па затоа и го избрала за режија.
Според Витошевиќ, таа сакала да направи претстава за сите возрасти, но сепак да има едукативна порака и целна група да бидат млади над 14 години.
Претставата почнува во 19 часот
Фото: ТДМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.