Писателката Лидија Димковска ќе гостува во Амфитеатарот 1 при Филолошкиот факултет во Скопје денеска ( 30 октомври) во 12.30 часот. Ќе биде промовиран нејзиниот роман „Единствен матичен број“, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 г.

Осврт за романот и разговор со авторката ќе поведе д-р Елизабета Шелева, редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Со свој есеј ќе се обрати Ивана Јовановска, поетеса и филолог. Настанот е од отворен карактер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.