Матине- промоција на книгата фотографии „Џезтетика“ од Татјана Ранташа ќе се одржи утре, во сабота, на 5 март, сабота, со почеток во 13 часот на платото пред МКЦ.
Книгата фотографии е збогатена со текстови на Александар Прокопиев, а се состои од портрети на над 50 македонски џез музичари кои се претставени преку објективот на Ранташа, долгогодишна фотографка која ги документира позначајните музички настани во Скопје.
Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно ‘висење’ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика. Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години, објаснуваат авторите.
Промоцијата на книгата фотографии ќе биде придружена со музиката на колективот „ЗЏМ“ и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото „Jazz FM“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.