Неформалната група „Дума ин Сума“, создадена од компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, заедно со младиот визуелен уметник, Дарко Алексовски, организираат дводневна работилница за креативно пишување за млади од 15 до 19 години, насловена „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“

Работилницата ќе се одржи во КСП Центар Јадро, на 14 и 15 септември, а заинтересираните ќе имаат можност да создадат свој книжевен лик, употребувајќи дигитални алатки.

Бројот на учесници е ограничен, а заинтересираните можат да се пријават на следниот линк – https://forms.gle/PQWEZHLCM9AL88rGA

Ѕвончето веќе заѕвони за првиот час, ајде пак да се дружиме на кирилица. Како продолжение на работилницата „Пиши-бриши…само не оставај на seen“, овојпат ќе создаваме свои светови и ликови, користејќи дигитални алатки и еден тон имагинација.Сигурни сме дека ги прочитавте лектирите, па ајде да откриеме интересни писател(к)и!

Првиот ден од работилницата ќе го поминеме во истражување на современа македонска книжевност, ќе ѕирнеме во различни уметнички форми и ќе користиме слики како инспирација за креативно пишување.

На вториот ден од работилницата, ќе ги оживееме нашите книжевни ликови и ќе печатиме мали книгички – зинови. Што е фанзин?

Мала книгичка, или фанзин е неофилцијално издание создадено ентузијастички и панкерски, по „направи сам“ техника, а обработува одреден културен феномен, како на пример литературен или музички жанр. Фанзините се користат за споделување идеи и креативно изразување.

Работилницата е дел од јавниот конкурс „Цртај на македонски јазик“ 2023, објавен од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.