Со свечено отворање денеска во 11 часот, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, ќе започне дводневната 51. Меѓународна научна конференција, на која ќе учествуваат 85 македонисти, филолози, слависти, балканолози, културолози, академици, емеритуси, раководители на Катедри на лекторатите, професори, научни истражувачи, лектори и преведувачи.
Конференцијата се одржува по повод: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, а ќе се работи во две секции: јазична и литературно-културолошка.
Слоганот на конференцијата „75 за 75“ се однесува на „75 реферати за 75 години УКИМ“.
Меѓународна научна конференција се одржува веднаш по завршувањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која доживеа огромен успех.
По конференцијата, ќе следува публикување на Зборник предавања од 57. Летна школа и Зборник на трудови од 51. Меѓународна научна конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.