Една од најпознатите и најизведувани опери во историјата на светските оперски куќи „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 ноември и 1 декември со почеток во 20.00 часот.
Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова (Бугарија),
сценограф е Елена Иванова (Бугарија), костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.
На 28 ноември, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Ескамилио, Ристе Велков, во улогата на Микаела, Катерина Стојановска, во останатите улоги настапуваат: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.
На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа (Србија), Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.
Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.