Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година се доделува на платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на хуманитарецот и основач на невладината организација „Донирај компјутер“ Борче Стаменов соопшти Министерството за култура.

Наградата се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседателка на Одборот е Александра Цветановска.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.