Тимот на трансплантација на црн дроб кој го предводи проф. д-р Зоран Караџов, а во кој се уште и проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и професорот д-р Африм Османи се годинашни добитници на државата награда „23 Октомври“ во областа на на науката и образованието, соопштија од Министерството за култура.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и писателот Блаже Миневски.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.