Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“  на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт – мајстор е Јане Бакевски, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров,  во улогата на  Неда, Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио, Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.