Новоизбраниот претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески, мандатот го започнува со иницијатива за спасување на куќата на познатиот македонски писател Стале Попов (1902-1965).
Куќата на големиот македонски раскажувач и романописец, која се наоѓа во малото село Мелница, Мариово, се распаѓа, на што укажуваат и фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Уште денес ќе започнеме со акција за спасување на куќата на великанот Стале Попов. Ќе направиме сè за да ја вратиме куќата во првобитна состојба, се разбира со помош на, државата, граѓаните, учениците, институциите, работните организации и сите кои сакаат и можат да издвојат средства за да помогнат!“, напиша денес на својот фејсбук-профил Христо Петрески, претседателот на ДПМ.
На 25 мај годинава се навршија 120 години од раѓањето на Стале Попов, при што во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше одбележано со осврт на неговите делата, од страна на проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература, насловен „Стале Попов – фолклорот, усноста и драмата на писмото во македонската литература“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.