По повод 13 Ноември Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Ма кедонија (ДПМ) ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“, при што се повикуваат сите заинтересирани писатели да се пријават и да испратат по една своја литературна творба – песна, расказ, есеј или пиеса.
Како што соопштија од ДПМ, сите пристигнати прилози по читањето, ќе бидат објавени во посебно дигитално тематско издание на веб страницата на Друштвото.
Пријавите и прилозите се очекуваат до 10 ноември, на мејлот на Друштвото на писателите на Македонија – „[email protected]“.
Манифестацијата во ДДМ ќе се одржи на 11 октомври, во петок и на истата може да учествуваат и писатели кои не се членови на Друштвото на писателите на Македонија, но претходно треба да се пријават, да испратат своја литературна творба на нашиот мејл и повратно ќе добијат информација за направениот избор и вклучувањето во програмата за настап, се наведува во соопштението на ДПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.