Денес на програмата на Кинотека, 21 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) во 18 часот е проекцијата на документарниот филм „ЖУРНАЛ ЗА ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК“ (Ž Ž Ž / Journal about Želimir Žilnik).

Документарен филм, Србија
2021, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Јанко Баљак (Janko Baljak)

Филмот на Балјак е патешествие кон полувековната кариера на овој голем режисер. Баљак го прати Жилник на локациите каде се снимани неговите филмови. Ставен е акцент на делата кои на драматичен начин ја обликувале неговата кариера, како што е „Рани трудови“, наградениот со „Златна мечка“, но превладуваат теми како таа за настојувањето на неговата екипа да го заврши „Слобода или стрип“, кој пред 50 години бил запленет, а кој неодамна беше случајно пронајден.

Во 20 часот во рамките на Недела на полски филм ќе биде прикажан „НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ“ (Niewinni czarodzieje / Innocent Sorceres).

Игран филм, Полска

1960, 87 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Анджеј Вајда (Andrzej Wajda)

Сценарио: Јержи Анджејевски, Јержи Сколимовски (Jerzy Andrzejewski, Jerzy Skolimowski)

Улоги: Тадеуш Ломницки, Кристина Стипулковска, Ванда Коческа, Роман Полански, Згигњев Цибулски (Tadeusz Lomnicki, Krystyna Stypulkowska, Wanda Koczeska, Roman Polanski, Zbigniew Cybulski)

НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ е на некој начин автобиографски филм на Вајда и прв негов наслов со современа тематика, а во една од главните улоги настапува и Роман Полански, а косценарист на веќе потврдениот Јержи Анджејевски, е Јержи Сколимовски, подоцна еден од водечките автори во полската кинематографија.

Млад и згоден доктор постојано е цел на додворување од страна на жените. Слободните вечери ги минува во боксерски клуб, свирејќи во џез оркестар. По еден таков настап, докторот и неговиот пријател заминуваат во кафуле, каде што неговиот пријател сака да ја запознае непознатата девојка што му се допаѓа. Сакајќи да му помогне на пријателот, докторот прв ѝ приоѓа на девојката и се запознава со неа. Докторот се претставува под лажното име Василие, а девојката, исто така лажно, како Пелагија. Потоа ќе завршат во неговиот дом, разговарајќи за моралот и љубовта. Според договорот, нивната намера е вечерта да ја минат со малку алкохол, прв бакнеж, интелектуален разговор и легнување в кревет. Но, циничната игра што заеднички ја започнале постепено се исполнува со искрени романтични чувства… НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ е лирска сторија на Вајда за генерацијата млади Полјаци од раните шеесетти години на минатиот век, кои за себе велат дека во дамнешните времиња мудреците трагале по богатство и лекови, а тие се невини волшебници што итаат да ги убијат сопствените надежи…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.