Во големата сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, синоќа пред многубројната публика се реализира завршниот дел од литературната манифестација „СТИХУВАЛКИ, Скопје 2024“ .

Се говореше за значењето на овој проект, се промовираше збирката со 93 поетски творби, се доделија 93 признанија и исто толку примероци од книгата – збирка поезија за деца, голем број благодарници и секако се соопштија наградите.

1. Првата награда се додели на авторката ЉИЉАНА КРСТЕВСКА од Скопје, за песната „ДРУГАРСТВО“;

2. Втората награда се додели на авторката ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВА од Босилово, за песната “ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“;

3. Третата награда се додели на МАРИЈА ВАСИЛЕВСКА од Дебар, за песната „ПРИРОДАТА НЕ ВИКА“;

4. Специјална награда за најдобра песна од странски автор се додели на авторката ТАТЈАНА ТОМИЌ од БИХ, за песната „ШУМСКО ТАКСИ“ („ШУМСКИ ТАКСИ“);

5. ДВЕ специјални награди за освоени најголем број гласови од публиката се доделија на: МЕЛАНИ ИВАНОВА од Штип, со освоени над 700 гласови за песната „ИЛЈАДА ЦВЕТОВИ“ и на АТАНАС КРЛЕВСКИ од Велес со освоени над 580 гласови на фејзбук страницата на СТИХУВАЛКИ – поетски фестивал за песната „СОНЧКО НАД ВЕЛЕС“.

Настанот беше збогатен со музички точки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.