Додека државата дава минимални пари, Куманово веќе три години нема театар. Двата ансамбла на македонски и албански јазик се сместени во просториите на Центарот за култура, во кој нема централно греење, поради што нема ни услови за редовен репертоар, пишува Куманово њуз.

Минатата година, на 75- годишнината од постоењето на Театар Куманово, актерите јавно го изразија своето незадоволство од бавната реконструкција на зградата.

Во програмата за изградба и реконструкција, санација и адаптација на постојаните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2024, за изведба на работите за реконструкција на објектот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово – зграда на театар, обезбедени се само 10 милиони денари. Со овие пари ќе се завршат само мал дел од работите додека останатото ќе чека во наредните години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.