Н.У. Кинотека на РСМ, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст) за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ, распишува: КОНКУРС за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“
1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“:
– Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.
– Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).
– Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.
– „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).
– Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.
– Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија.
– Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;
– Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.
– Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.
– Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.
2. Услови за учество на Конкурсот:
– – Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.
– – Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија.
– – Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ;
– – На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд.
– Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.
– По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение.
– Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.
– Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);
– Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:
(а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),
(б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).
– Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.
– Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.
…
– Конкурсот трае до 31.01.2024 година.
– Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот.
– Неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.