Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на Годишното собрание што се одржа во Домот на Армијата во Скопје избра Управен одбор, Уметнички совет како и членови на Надзорниот одбор.
Во Управниот одбор на ДЛУМ се избрани Христијан Санев, Никола Смилков, Петра Јовановска, Слободан Милошевски, Денис Танев и Катерина Таневска.
За членови на Уметничкиот совет од членството беа изгласани Микица Трујкановиќ, Маја Рауник Кирков, Трајче Чатмов, Наташа Милованчев, Соња Димовска, Синиша Новевски и Илиана Петрушевска.
Беше избран и Надзорен одбор во чиј состав се изгласани: Урош Вељковиќ, Благојче Наумовски и Ана Трајковска.
На Собртанието на ДЛУМ беа презентирани досегашните активности, како и идните планови на здружението, се вели во соопштението до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.