Ексклузивна дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит ќе биде поставена од Францускиот институт во Скопје и Ист гејт мол, во рамки на одбележувањето 50 години од постоењето на Институтот.
Се работи за мурал кој ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист гејт мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба, од вкупно три кои ќе бидат отворени за посетителите.
Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видеоигра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина, соопштија од Францускиот институт.
Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни 2024.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.