Tворештвото на македонскиот поет Радован Павловски доби свој виртуелен музеј, во кој на едно место може да се прочитаат 28 негови стихозбирки, дел од неговите цртежи како и аудио интерпретации и преводи на песните и биографски податоци.
Основачка на дигиталниот музеј е Клементина Аврамовиќ, студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Младата книжевничка вчера во аулата на Филолошкиот факултет организираше промотивен настан на кој присутните се запознаа со веб-страницата, а потоа студенти читаа одбрани песни на Павловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.