Во полната киносала во „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) вчера се одржа првата сесија од конференцијата Edu Cuts Talks во рамките на 12. „Џифони Македонија“. На разговорот претходеше проекција на филмот „Моне“ од средношколецот Јон Будина од Албанија. Тој е првиот млад режисер кој доби поддршка за снимање краток филм, во рамките на мрежата Edu Cuts, која ги поддржува младите од Западен Балкан. Јон го сними својот дебитантски филм во текот на јули, со него конкурирше и веќе епримен на студии по филмска режија во Романија.

На конференцијата Edu Cuts Talks зборуваа директорот на „Џифони Македонија“, Дарко Башески и претставници на мрежата од неколку земји од регионот – Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија, Мирза Ќустовиќ од Босна и Херцеговина и Енес Лекиќи од Косово.

Башески рече дека фестивалот постои заради младите луѓе што сакаат филмови и сакаат да растат и да се развиваат во оваа уметност. Сите може да се вклучат во работилниците или да дојдат во „Џифони Македонија“ каде може да добијат посериозна опрема за да снимаат филм, поткаст или други содржини.

Тука сме и можеме заедно да растеме. Најважно од сè е да не се откажувате. Заследувајте фестивали на интернет, аплицирајте на проекти. И да ве одбијат, не се откажувајте. Бидете упорни, рече Башески.

Ќустовиќ ја нагласи позитивната страна на вмрежувањето. Филмот е колективна уметност и ни помага да пораснеме како луѓе. А фестивалите се место каде младите луѓе може да се запознаат, да се вмрежат, да се развиваат и да научат да бидат професионалци.

Петровиќ-Варагиќ била на фестивалот лани, а годинава се враќа како партнер во проектот Edu Cuts. Таа долго време работи во оваа дејност, но откако почнале да се вмрежуваат со фестивали од регионот и од светот, имаат значителен пораст. Летово во Ужице тие организираа работилница за документарен филм за 24 тинејџери од седум земји.

Во Приштина минатиот месец се одржаа уште две работилници на кои учествуваа млади од Македонија и од Косово кои правеа кратки филмови. На Edu Cuts работилницата за студенти „Кино Кабаре“ учесниците направија 3 кратки филмови. Лекиќи нагласи дека на Балканот тешко се снимаат филмови и затоа копродукции се неопходни. На работилницата Creative YEES која се одржа во неговото Финско школо на Косово учествуваа дваесетина средношколци од училиштето кои заедно со четирите учесници од Скопје во тек на 5 ден создаваа кратки филмоци и подкасти.

Публиката со овации го поздрави јутјуберот Иван Ајнштајн, кој снима филмови, музички видеа. Тој раскажа како почнал да снима, уште како дете. Вели дека сака да работи спонтано, зашто во видеата сака да внесе поинаква енергија. Според него креативниот процес секогаш почнува со некаква искра, да замислиш и да визуелизираш дека нешто може да влијание на луѓето. Тој сака да ја споделува својата уметност. Младите во публиката се интересираа како почнал да заработува и како јутјуберството му станало работа со полно работно време.

Ако сакате да заработите од тоа, треба да се потрудите. Во мојот случај заработката не ми беше мотив. Ме контактираа луѓе што сакаа да соработуваат со мене – рече тој.

Денеска е вториот работен ден за учесниците. На програмата кај сениори во 13 часот ќе биде добитникот на „Златна палма“ на Кан годинава, словенечкиот филм „Човекот што не можеше да молчи“, а ќе следува холандско-белгискиот филм „Летен брат“. Денеска на програмата Edu Cuts Talks ќе биде гостинката од Ирска, Грета Торнтон, која ќе го промовира својот краток филм „Горчливо слатко“ (Bittersweet). Грета му се враќа на Џифони по втор пат, годинава и во улога на волонтер на фестивалот.

Денес на програмата кај кадетите е македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, кој ќе се дружи со џифонци во Младинскиот културен центар од 12.30 часот. “Во програмата за сениорите филмот „Кога е… пролет е во воздухот“ во режија на Данијаел Сугавара од Полска.

Најмладите, односно јуниорите во Кинотеката ќе го проследат германскиот филм „Победници“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.