Во книгата „Џаро-живот на коцка“, чиј автор е новинарката Милица Џаровска, се раскажува за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски – Џаро. Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија.

се раскажува о книгата за Џаро се раскажува од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.

Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаро.

Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.