Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“

2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“

3. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“

4. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“

5. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“

6. „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“

7. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“

8. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“

9. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“

10. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“

Во состав на жирито се: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“).

Како што информира Фондацијата „Славко Јаневски“, на конкурсот годинава пристигнале 35 романи, а во првата селекција жирито избра 19 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе биде врачена по 24-ти пат. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.